Украина нападна воени бази во Русија! Циркулираат видеа од експлозијата, ударот е изведен на 500 километри од фронтот – мета беше аеродром полн со стратешки бомбардери? (ВИДЕО)

Русија била цел на напад со беспилотни летала врз воена база во близина на Рјазан и пристаниште во Новоросијск, пренесува каналот Астра Телеграм.

Снимката од експлозијата која кружи на Интернет укажува на сериозноста на ситуацијата. Меѓутоа, гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, тврди дека одбранбените сили собориле три беспилотни летала. Руското Министерство за одбрана потврди дека повеќе од 20 украински беспилотни летала биле пресретнати во шест региони.

Мета на беспилотните летала била воздухопловната база, која се наоѓа на 500 километри од фронтот и е дом на стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво, како и пристаништето Новоросијск, каде се стационирани ракетни носачи.

– Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана соборија три беспилотни летала над регионот Рјазан – изјави гувернерот на регионот Рјазан.