“УКРАИНА НЕ Е ВО ЌОР-СОКАК!“ – Ген-секот. на НАТО вели дека ова е војна на трошење во која на Украинците итно им е потребна воздушна одбрана

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека конфликтот во Украина е војна на трошење, но дека истата не е дојдена во ќор-сокак.

Меѓутоа, на Киев итно му требаат дополнителни резерви за против-воздушна одбрана, вклучувајќи муниција, резервни делови и одржување на системите што веќе ги има украинската Армија“, изјави Јенс Столтенберг за новинарите во Њујорк.

Генералниот секретар на НАТО претходно оваа недела предупреди дека не треба да очекуваме брз крај на војната во Украина.

Повеќето војни траат подолго од очекуваното кога започнаа“, изјави Јенс Столтенберг во интервју за германската медиумска групација Funke.

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг

Како што изјави Јенс Столтенберг, мора да се подготвиме за долга војна во Украина.

Сите сакаме брз мир. Но, во исто време мораме да признаеме: ако претседателот Володимир Зеленски и Украинците престанат да се борат, нивната земја повеќе нема да постои. Ако претседателот Владимир Путин и Русија го положат оружјето, ќе имаме мир“, заклучи генералниот секретар на НАТО.