Претседателот на Европскиот парламент предложи Украина оваа година да ги започне преговорите за влез во Европската унија.
Роберта Мецола во саботата се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во западниот украински град Лавов.
Во твитот во петокот таа напиша дека „Иднината на Украина е во Европската унија. Со вас ќе одиме до крај“.
ЕУ во јуни се согласи Украина да ја стави на пат кон членство.
На прес-конференција со Зеленски, таа рече дека „сите одговорни“ за наводните воени злосторства во Украина, вклучително и Владимир Путин, мора да бидат изведени пред лицето на правдата пред да се постигне траен мир.
Инаку, Украина во текот на минатата година го поднесе барањето за членство во Европската унија.