УКРАИНА ПОВТОРНО ЈА НАПАДНА РУСИЈА !? Москва нема решение за моќните дронови – гори уште една фабрика за нафта
Нов моќен напад со дрон на југот на Русија предизвика пожар во нафтена рафинерија, објави утринава руската медиумска агенција ТАСС.
Пожарот избувнал во резервоар во рафинеријата во Илиски, во Краснодарската област, по напад на „неидентификуван дрон“, потврдил претставник на службата за вонредни ситуации, објавува ТАСС.
Локалниот гувернер на социјалната мрежа Телеграм објави дека пожарот зафатил површина од 400 метри квадратни и дека истиот е изгаснат.
Украина ретко презема одговорност за, како што вели Москва, чести напади од украински беспилотни летала врз нејзината инфраструктура и воени цели, особено во регионите блиску до Русија. Минатиот јуни, рафинеријата за нафта Новошахтинск во руската област Ростов, која граничи со Украина, ја прекина работата откако два дрона ги нападнаа нејзините капацитети.
Русија вчера објави дека соборила два украински беспилотни летала насочени кон Кремљ во Москва, наведувајќи дека тоа е обид за убиство на претседателот Владимир Путин, неколку дена пред големата воена парада на 9. мај.
Властите од Украина соопштија дека Киев „нема никаква врска“ со нападот со дрон врз Кремљ.