Украина: Русија во последните 24 часа изврши 31 ракетен напад

 – Руската армија во последните 24 часа гранатирала различни региони на Украина со 31 ракета, јавува Анадолу.

Во писменото соопштение на украинските вооружени сили се информира за воздушните и ракетните напади што руската армија ги извршила во последните 24 часа врз Украина, првенствено врз главниот град Киев.

Во соопштението се наведува дека синоќа кон полноќ руските сили со ракети од типот „С-300“ и „Калибр“ извршиле напади врз градовите Миколаев и Константинивка во Украина, а забележано е дека руската армија лансирала 31 ракета во последните 24 часа.

Потсетувајќи дека руските сили во нападите употребиле шест хиперсонични ракети од типот „Кинјал“, во соопштението се наведува дека од вкупно 31 ракета, две експлодирале во воздух, а 25 биле уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана.