Дали е нормално некој да не сака интимни односи? Ако вашиот партнер избегнува активности во кревет, ова може да биде главниот проблем (фото)

Секој човек е индивидуа за себе, посебен и неговите потреби се различни од другите, дури и кога се во прашање интимните односи. И додека некои не можат да замислат ден без да разменуваат нежности во кревет, за други еднаш месечно е сосема доволно.

Стрес и ментални нарушувања

Нашиот сексуален нагон е тесно поврзан со нашите емоции, мисли и чувства. Стресот, заедно со другите ментални нарушувања како депресија и анксиозност, може да влијае на нашата желба за интимност. Важно е да разговарате за тоа со вашиот партнер и да споделите со него како се чувствувате.

Проблеми во врската

Можеби партнерот нема доверба или интимна привлечност кон вас? Сите сомнежи и грижи можат да влијаат на вашата желба за интимност. Секогаш е добро да ги споделите вашите проблеми и сомнежи со партнерот, но и со професионални луѓе. Затоа, не се срамете да зборувате за тоа, советуваат експертите од порталот „The Sun“.

Интимни искуства

Ако сте доживеале некаква непријатност во вашите претходни љубовни искуства, тоа може да влијае и на вашето сегашно искуство и зачестеноста на интимните односи. Исто така, проблемите со ејакулацијата и ерекцијата, како и сувоста на женскиот генитален орган, може да влијаат на вашето либидо. Доколку забележите некоја од овие состојби, време е да посетите лекар и да побарате помош.

Физичко здравје

Секоја долгорочна здравствена состојба – срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок или рак може да влијае на вашиот сексуален нагон. Може да придонесат и лекови за лекување на одредени медицински состојби. Не ја менувајте пропишаната доза на лекови самостојно, туку навремено консултирајте се со вашиот лекар.