Украинските власти соопштија дека Русија извршила напад со дронови врз Киев во текот на ноќта и дека експлозиите одекнувале два часа.
Делови од соборените беспилотни летала паднале на неколку централни градски области – Дарницки, Соломјански, Шевченковски, Свијатошински и Подил.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека едно лице е повредено во населбата Подил, а избувнал пожар во еден од градските паркови.