– Руските сили синоќа извршија напади со беспилотни летала врз пристанишната инфраструктура во украинскиот регион Одеса.
Олег Кипер, началникот на Воената управа на Одеската Област, на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека руската војска синоќа ја нападнала цивилната инфраструктура на југот од областа.
Истакна дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништил 22 руски беспилотни летала во регионот.
„Погодена е инфраструктурата на пристаништето. Двајца работници цивили на пристаништето се повредени и пренесени во болница“, соопшти Кипер.
Во соопштението на Командата на Украинското воено воздухопловство се наведува дека Русија во синоќешниот напад во Одеската Област употребила 25 беспилотни летала.
- Русија: Погодивме складишта за гориво во пристаништето во Рени, Одеса
Министерството за одбрана на Русија извести дека руските сили погодиле складишта за гориво во пристаништето во Рени во Одеската Област, Украина.
Во соопштението на Министерството се наведува дека Руските вооружени сили синоќа со беспилотни летала го нападнале пристаништето во Рени во Одеската Област.
Наведено е дека погодените складишта за гориво биле користени за снабдување на украинската војска со опрема и се додава:
„Нападот ја постигна својата цел. Сите назначени објекти беа погодени.“
Во друго соопштение од Министерството објави дека околу 12:30 часот бил блокиран обид на Киев со беспилотно летало да нападне објекти на руска територија, и дека украинскиот дрон бил соборен од системите за противвоздушна одбрана во воздушниот простор на Белгородската Област.