– Украина денес соопшти дека украинските сили ги потиснале руските офанзиви во правец на градовите Купјанск и Лиман во регионите Харков и Доњецk.
„Во правците Купјанск и Лиман, нашите одбранбени сили ја запреа офанзивата на непријателот“, истакна заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, преку Телеграм.
Во претходно соопштение доцна синоќа, Малиар нагласи дека украинските сили продолжиле да го потиснуваат руското напредување во насоките Лиман, Бахмут, Авдиивка и Маринка во областа Доњецк.
Малиар понатаму рече дека се водат жестоки судири во правец на Лиман, особено во подрачјата на Диброва, Серебријанск и Хрихоривка.
Во јужна Украина, Малиар соопшти дека украинските сили постепено напредуваат со делумен успех и дека продолжуваат со офанзивата околу Мелитопол и Бердианск во регионот Запорожје.
Таа нагласи дека има напредок во некои области, како и дека му се нанесени големи загуби на непријателот.
Руското Министерство за надворешни работи вчера преку соопштение истакна дека Украина продолжила со неуспешни обиди во насока на Јужен Доњецк, Запорожје, Доњецк и Лиман, додавајќи дека потиснале повеќе напади.
Независната потврда на тврдењата е тешка поради тековната војна.