Блинкен разговараше со Гутереш за можното повлекување на Русија од Иницијативата за жито

 – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, за можноста Русија да се повлече од Договорот за црноморскиот коридор за жито што истекува следниот месец.

„Блинкен разговараше со генералниот секретар на ОН, Гутереш, за руските изјави дека нема да ја обноват Црноморската иницијатива за жито до крајниот рок на 17 јули“, соопшти Стејт департментот.

Исто така, се наведува дека двајцата соговорници се согласиле за важноста на Договорот за глобалната безбедност на храната и негативното влијание што неговото суспендирање ќе го има врз увозниците на храна, особено во земјите во развој.

Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул во јули минатата година за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.