УКРАИНА ЈА НАПАЃА РУСИЈА !? Ново објавените тајни документи го откриваат ‘лудиот’ план на Володимир Зеленски – звучи надреално: “Да, тој им кажа сè на генералите!“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и неговите соработници сериозно ја разгледуваат можноста за моќни напади врз Русија со употреба на западно оружје, објави весникот The Washington Post, повикувајќи се на доверливите документи на американските служби кои беа обелоденети преку социјалната мрежа Discord (Дискорд). Претставниците на Пентагон, кои сигурно знаеле за оригиналните документи, не ја оспоруваа нивната автентичност.

The Washington Post пишува дека Володимир Зеленски ја добил довербата на западните влади користејќи го оружјето што го добил од нив за да се одбрани од руските напади внатре во границите на Украина, а не за напади на руска територија. Но, зад затворени врати, украинскиот претседател предложил да направат голем чекор напред и да почнат да ги окупираат руските села за да извршат притисок врз Русија

Володимир Зеленски

Володимир Зеленски, исто така, предложил бомбардирање на нафтоводот што носи руска нафта до членката на НАТО Унгарија и изразил желба Украина да набави ракети со долг дострел за цели на руска територија, според информациите од доверливите американски разузнавачки документи во кои се детално објаснува неговата внатрешна комуникација со најблиските функционери и воени команданти. Очигледно, документите се создадени врз основа на пресретнати дигитални комуникации на украинското раководство.

The Washington Post пишува дека документите протечени од Discord (Дискорд) откриваат претседател со агресивни инстинкти, што стои во целосна спротивност со неговиот јавен имиџ како мирен државник кој стоечки го поднесува бруталниот напад од Русија.

Американските медиуми со недели објавуваат ексклузивни текстови врз основа на документи кои беа објавени на социјалната мрежа пред неколку месеци. Десетици високо класифицирани документи протекоа на Интернет, откривајќи чувствителни информации наменети за високи воени и разузнавачки лица Во истрагата, Џек Тешеира беше обвинет за објавувањето, млад член на воздушната национална гарда на Масачусетс. Тој е обвинет за протекување на стотици страници доверливи воени разузнавачки информации, споделени со тесен круг он-лајн пријатели на платформата за разговор. Досега објавените документи ја откриваат длабоката загриженост на американското разузнавање и военото раководство за насоката на војната и способноста на украинската армија да спроведе успешна офанзива против руските воени сили. Меѓу објавените документи е и оценката на Одбранбената разузнавачка агенција, според која не се веројатни преговорите за ставање крај на конфликтот во текот на 2023 година.

Меѓу документите објавени на Интернет без знаење на американските власти се резимеа од разговорите на високо ниво меѓу светските лидери, како и информации за напредната сателитска технологија што ја користат САД за шпионирање. Има разузнавачки информации за сојузниците и противниците на САД, вклучувајќи ги Иран и Северна Кореја, како и Велика Британија, Канада, Јужна Кореја и Израел.

На состанокот со военото раководство на крајот на јануари, Володимир Зеленски предложил „да извршат удари во Русија“, односно украинските војници да ја преминат руската граница и да заземат некои гранични пунктови. Целта би била да се зголеми силата на Украина во преговорите со Русија. Документот е означен како „строго доверлив“. На вториот состанок, еден месец подоцна, на крајот на февруари, Володимир Зеленски разговарал со врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни. Во разговорот, Володимир Зеленски „изразил загриженост“ дека „Украина нема ракети со долг дострел способни да стигнат до руските војници распоредени во Русија“, пишува The Washington Post

Володимир Зеленски тогаш предложил, користејќи беспилотни летала, да ги нападнат руските воени цели околу Ростов на руска територија. На состанокот во средината на февруари со вицепремиерката Јулија Свриденко, Володимир Зеленски предложил украинските сили да го „разнесат“ советскиот нафтовод „Дружба“ што ја снабдува Унгарија со нафта. 

Володимир Зеленски посочи дека Украина треба едноставно да го крене во воздух гасоводот и да ја уништи индустријата на Виктор Орбан, која во голема мера се базира на руската нафта“, се вели во документот. 

Американскиот весник не открива како генералите и другите учесници во разговорите реагирале на предлозите на Володимир Зеленски.

Володимир Зеленски

Русија овој месец ја обвини Украина за организирање напад со беспилотно летало со цел да се убие рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Видеата што кружат на социјалните мрежи, потврдени од руските власти, покажуваат два дрона кои со брзина одат кон Кремљ околу 02:30 часот по полноќ. Официјален Киев негираше дека тие стојат зад тоа. Еден од документите го опишува планот развиен минатата година од украинската воена разузнавачка служба за извршување тајни напади врз руските сили во Сирија, при што Украинците тајно ќе се потпираат на воената помош на Курдите. Ова ќе отвори нов фронт илјадници километри оддалечен од Украина. Но, во декември Володимир Зеленски им наредил на соработниците „да престанат да планираат операции против руските сили во Сирија“, се наведува во документот. Нема информации зошто е прекинат процесот на планирање.

Володимир Зеленски во неодамнешно интервју изјави дека соработува со многу генерали и дека тоа се негови приватни разговори. Тој нагласи дека го задржува своето право да истражи кои воени опции и се достапни на Украина. „Војната се води поради окупацијата на Украина, Украина мора да победи“, изјави тогаш украинскиот претседател.