,,Украина ѝ се заблагодари на Хрватска“: Владата во Киев објави дека започна извозот на жито преку пристаништата Дунав и Јадранското море (фото)

Јулија Свириденко, првиот заменик-премиер и министер за економски развој и трговија на Украина, рече дека Украина започнала да извезува жито преку хрватските поморски пристаништа, со цел да ги прошири своите извозни рути додека нејзините пристаништа на Црното Море се блокирани.

Главниот пат за извоз на жито во Украина е обично преку нејзините пристаништа на Црното Море, но Киев бара алтернативни патишта по руската инвазија минатата година и одлуката на Москва да се откаже од договорот за извоз на жито од Црното Море во средината на јули оваа година, пишува Ројтерс.

– Украинското жито веќе е извезено преку хрватските пристаништа. Благодарни сме за оваа можност. Иако е специјализирана трговска рута, таа е веќе популарна – изјави украинскиот вицепремиер.

Таа додаде дека Киев е подготвен да ги развие можностите на тој транспортен коридор и верува дека оваа рута ќе игра важна улога во билатералната трговија меѓу двете земји и по војната во Украина.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба за време на неговата посета на Загреб на крајот на јули изјави дека Украина и Хрватска се договориле за можноста за користење на хрватските пристаништа на Дунав и Јадранското Море за извоз на украинско жито.