Во текот на посетата на украинскиот министер за инфраструктура Александар Кубраков на Туркије, министерот за национална одбрана Хулуси Акар му го врачи на користење новиот автомобил од турско производство Тогг.
Министерот за инфраструктура на Украина Александар Кубраков престојува во посета на Туркије, а во текот на посетата на користење го доби автомобилот од турско производство Тогг.
Кубраков вчера допатува во посета на Туркије на покана на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Во текот на состанокот на двајцата министри разговарано е за иницијативата за жита која има цел да придонесе кон решавањето на глобалната прехранбена криза.
Разговарано е за чекорите кои треба да се преземат за непречено продолжување на иницијативата во рамките на која досега со 903 бродови е обезбедена испораката на 28,3 милиони жито на земјите во потреба.
Во текот на посетата на украинскиот министер Кубраков на Туркије, министерот за национална одбрана Хулуси Акар му го врачи на користење новиот автомобил од турско производство Тогг, кој однеодамна го користи Министерството за одбрана.
Акар пред хотелот, во кој е одржан состанокот, го дочека министерот Кубраков и му пренесе дека тој (Кубраков) е првата личност која го користи тој автомобил. „Ние уште не го пробавме. Како ви се чини?“, запраша Акар, на што Кубраков му заблагодари и рече дека автомобилот му се допаѓа.
Цената на стандардниот модел T10X се движи од 953.000 турски лири (околу 50.200 американски долари) до 1.055.000 лири (околу 55.600 американски долари), додека цената на моделот со поголем домет изнесува 1.215.000 лири (околу 64.000 американски долари).
Со двете различни опции на батерии за моделот T10X со снага од 160 кв (218 коњски сили) со погон на задните тркала, клиентите можат да бираат меѓу возила со максимален опсег од 314 или 523 километри.
Првата верзија на T10X може да забрза од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди, додека втората верзија, чија испорака ќе започне на 29 октомври, може да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди.
Втората верзија има погон на сите тркала, со моќност од 320 кв. (435 коњски сили).
Батериите за возилото „Тогг T10X“ можат да се наполнат од 20 % на 80 % за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење. Купувачите можат да бираат и меѓу шест различни бои за ова модерно електрично возило.
TRT Balkan