Украински војник го опиша својот ужас пред камерите на CNN! Секогаш кога влегувам во оваа зона се опростувам од животот (ВИДЕО)
Додека украинскиот војник лежеше во својот камион, криејќи се под дрвјата во мракот на ноќта, руски бомби татнеа околу него.
– Непријателот нè гранатира 24 часа на ден. Не се сеќавам кога последен пат владееше тишина повеќе од еден час – изјави 32-годишниот украински навигатор на дрон.
Се наоѓа на десниот брег на реката Днепар – една од новите линии на фронтот во војната, која влегува во втората зима.
За време на интервјуто на CNN со него, неговата ноќна мисија штотуку беше прекината бидејќи Русите ја идентификуваа позицијата на неговата единица на десниот брег – принудувајќи ја да се повлече.
„Еве уште една ракета“, изјави Серхи за Си-Ен-Ен додека одекна уште една експлозија, а лицето му беше осветлено со слабо црвено светло:
– Секогаш кога влегувам во оваа зона се збогувам со животот, бидејќи сфаќам дека во секој момент можам да умрам од ракети или гранати. Се навикнуваш, но не е пријатно.