Украински војници се кријат меѓу телата на мртвите соборци: Вознемирувачка снимка од Украина, гранати паѓаат наоколу! ,,Мамо, сакај ме!” (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од група војници кои се кријат од гранати меѓу загинатите соборци!

На видеото се гледаат неколку припадници на вооружените сили на Украина кои побарале засолниште од артилерискиот оган на непријателот во ров полн со тела на нивните паднати соборци!

На ужасното видео од линијата на фронтот можете да видите тела во фаза на распаѓање и војници кои видно се плашат за своите животи. Еден од нив нервозно се поздравува со своите најблиски.

– Мајко, сакај ме – се слуша како вели еден војник.

Друг војник додава дека цел ден биле во сокривалиштето.

Силно нè притискаат – се слуша на видеото.

Може да слушнете и гранати како паѓаат околу нив цело време.

Засега не се знае точно каде е направена снимката.

За потсетување, на социјалните мрежи неодамна се појави видео на кое се гледа моментот кога биле убиени повеќе од 200 руски војници кога на нивната позиција паднале неколку проектили испукани од припадници на вооружените сили на Украина!

Медиумите неофицијално јавуваат дека пет американски ракети ХИМАРС паднале врз руски единици кои биле собрани на плажата на црноморскиот остров Јарилхач.