Украинците го нападнаа срцето на Русија: Разнесен стратешки објект, извршен е молничав напад!

Украинската шпионска агенција активираше експлозив на железница во Сибир, што претставува втор напад на рутите за снабдување на руската армија оваа недела, пишува Ројтерс, повикувајќи се на извори во Киев.

Истиот извор рече дека експлозивот бил активиран додека товарниот воз минувал преку Ѓаволскиот мост во сибирскиот регион Бурјатија, кој граничи со Монголија и се наоѓа на илјадници километри од Украина. Трасата на возот беше променета по нападот на тунелот во близина претходниот ден.

Украинскиот извор додаде дека промената на трасата била очекувана, со оглед на пренасочувањето на сообраќајот на друга рута по нападот на возот во тунелот Северомујски, кој Русија го нарече „терористички напад“.

Руската медиумска агенција База, пак, објави дека нема жртви и дека не се знае причината за експлозијата.