Драматична ситуација за руските сили на овој дел од фронтот.
Руски воени блогери тврдат дека е уништен третиот и последен мост преку реката Сејм во областа Курск во Русија, јавува Антон Герашченко на социјалната мрежа Х.
Информацијата заедно со видеото ја објави и Киев пост.
Good Morning!
— Sytheruk 🇬🇧 🇺🇦 (@SythUK) August 19, 2024
Another morning, another destroyed bridge by Ukraine 🇺🇦
The third bridge in Kursk has been blown.
This now cuts off Russia being able to take back Kursk by land.
Something tells me this Kursk offensive and these bridges are only phase 1 of plans. We will see 😉 pic.twitter.com/NzFWF47h3U
Доколку се потврди уништувањето на третиот мост, единиците на руските вооружени сили на југ ќе се најдат во „котел“, а приближната површина на околината ќе биде речиси 700 квадратни километри, пишува Герашченко.
Најголемиот мост на овој дел од фронтот, во селото Глушково, беше уништен од украинските вооружени сили попладнето на 16 август. Еден ден подоцна, беше погоден мостот на север, во градот Званоје.