Украинците кои живеат во странство ќе бидат поканети да се вратат во својата земја за воена служба

– Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, денес изјави дека Украинците кои живеат во странство ќе бидат поканети да се вратат во земјата на воена служба.

Министерот рече дека украинските мажи на возраст меѓу 25 и 60 години, кои живеат во странство, ќе добијат покана во текот на наредните недели да се пријават во центрите за регрутирање.

„Сакаме правда за сите бидејќи се работи за нашата сопствена земја. Ќе им пратиме покана“, рече Умеров во интервју за германскиот весник „Билд“.

Тој, исто така, рече дека може да преземат мерки доколку не се појават доброволно.

„Сè уште разговараме што ќе се случи доколку не дојдат доброволно“, рече тој.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно оваа недела изјави дека војската предложила да се мобилизираат дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе за армијата.

Тој додаде дека никој не го знае одговорот дали руско-украинската војна ќе заврши следната година, но нагласи дека нивната стратегија останува иста, ослободување на целата земја од руските сили.