Хабиб Нурмагомедов објави фотографија со Ѓоковиќ: Неговата порака предизвика лавина коментари (фото)

Хабиб Нурмагомедов, непобедливиот ММА борец, објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

Тие двајца се дружеа претходните денови, што беше снимено преку камерата.

Непоразениот Дагестанец во описот напиша два збора: „With GOAT“ (со најголемиот на сите времиња).

Фотографијата и описот предизвикаа лавина од коментари, но и лајкови. За само еден час повеќе од 100.000 луѓе ја лајкнале фотографијата на двајцата големи спортисти.

Хабиб Нурмагомедов и Новак Ѓоковиќ се одлични пријатели.

Рускиот поранешен ММА борец често можеше да ги слави успесите на Ѓоковиќ, па му ја честиташе 24. Грен слем титула, освоена во Њујорк.

Хабиб Нурмагомедов пред три години ја заврши кариерата со биланс од 29 победи без ниту еден пораз.