Украинците се подготвени да се повлечат од Бахмут!? Советникот на Зеленски: – Ги разгледуваме сите опции, доколку е потребно нашите сили ќе се повлечат

Украинската армија може да одлучи да ги повлече своите војници од упориштето околу Бахмут, најави денеска советникот на украинскиот претседател Александар Родњански.

-Повлечете се од Бахмут“, рече Родњански, додавајќи дека Украина нема да го жртвува својот народ за ништо.

Битката за Бахмут, во украинската област Доњецк, стана симбол на украинскиот отпор. Родањски рече и дека Русија ги користи најдобрите војници на руската паравоена група Вагнер во обид да го опколи градот.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека досега не видел знаци за повлекување на Украина од градот. Тој тврди дека Киев всушност ги зајакнува своите позиции таму.,

„Украинската армија распоредува дополнителни војници и прави сè што може за да ја одржи контролата врз градот. Десетици илјади украински војници пружаат жесток отпор, а борбите од ден на ден стануваат покрвави“, рече тој.

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека не се точни обвинувањата на Русија дека Киев користел дронови за напад на руска територија.

Москва вчера објави дека во текот на ноќта соборила два украински беспилотни летала кои биле насочени кон цивилна инфраструктура на југот на Русија и дека киевскиот режим се обидел да нападне цивилни инфраструктурни локации во регионот Краснодар и Република Адигеја со два беспилотни летала.