Украинците со предупредувачка порака до Русите: “Москва нека се навикне на војна, доаѓаат уште наши дронови!“
Михајло Подољак, еден од најгласните советници на претседателот на Украина, изјави дека ќе има уште напади на руска територија бидејќи војната во Украина се сели во Русија.
„Москва брзо се навикнува на целосна војна која наскоро ќе дојде на територијата на авторите на војната за да ги наплати нивните долгови...“, предупредува Михајло Подољак.
„Се што ќе се случи во Русија е објективен историски процес. Повеќе неидентификувани беспилотни летала, повеќе колапс, повеќе социјални немири, повеќе војна…“, најавува советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.