Украинците тврдат дека го потопиле големиот руски брод Цезар Куников во Црното Море

Беспилотни летала на украинското воено разузнавање (ГУР) погодиле голем руски брод Цезар Куников во Црното Море, информираа украински разузнавачки извори за Украинска правда.

Овие извори додаваат дека операцијата резултирала со потонување на рускиот брод,

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили за воздушна одбрана синоќа собориле шест беспилотни летала во Црното Море.

Истовремено на Телеграм објавија дека нешто гори во морето меѓу Алупкса и Кацивелија.

Два хеликоптери Ми-8, исто така, беа забележани како летаа ниско над водата во областа. Телеграмскиот канал Кримски Ветер објави дека беспилотните летала погодиле брод.

Подоцна бил виден хеликоптер Ка-27 кој барал можни преживеани.

На веб-страницата на руската флота во Црното Море пишува дека бродот Цезар Куников е долг 112,5 метри и широк 15 метри.