Уметници од Индија, Бугарија, Јапонија и САД освоија награди на 22. Меѓународно биенале на графика во Варна.
Големата награда на Варна е за дрворез „Маа“ од Жинту Мохан Калита од Индија. Специјалната награда на жирито му се доделува на бугарскиот уметник Бујан Филчев за неговото дело „Јајце“, изработено со мешана техника.
Три еднакви награди добија Даглас Босли од САД со мецотинт „Круната“, Охаја Хитоши од Јапонија со делото „Сфера на животот – вода“ (офорт, акватинта) и Никол Нешева од Бугарија за графика со наслов „Требаше ли да те чувам?
Наградите на годинашното издание на Биеналето ги одреди меѓународното жири со претседавач проф. Стоимен Стоилов и членовите Владо Горески и Лили Бошевска од Република Северна Македонија, вонреден професор Деница Јанева од Универзитетот во Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ и директорот на Биеналето во Варна, Венцеслав Антонов.
За учество на изложбата се избрани дела, изведени со класични графички техники, без интервенција на современи дигитални технологии. Над 530 графики од 324 автори од 53 земји се распоредени во салите на Градската уметничка галерија „Борис Георгиев“ во Варна. Има големи уметници од Бугарија, Мексико, Тајланд и Јапонија, истакна жирито.