Унгарскиот претседател ја потпиша одлуката за членство на Шведска во НАТО
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок ја потпиша одлуката со која ѝ се одобрува на Шведска приемот во воената алијанса на НАТО, објави неговиот кабинет, отворајќи го патот за Шведска да стане 32-та членка на алијансата во наредните денови.
Стокхолм ја напушти својата политика на неврзаност за поголема безбедност во рамки на Организацијата на Северноатлантскиот договор по руската инвазија на Украина во 2022 година.
Унгарците го одложуваа одобрувањето на шведското членство со месеци, до посетата на шведскиот премиер Улф Кристерсон минатиот месец, при што беше потпишан договор за продажба на оружје.
Унгарскиот парламент минатата недела му ја испрати одлуката на претседателот на потпис.
Останатите формалности, како што е доставувањето на пристапните документи во Вашингтон, веројатно ќе бидат брзо завршени.