УНИШТЕНА ГОРДОСТА НА РУСКАТА ВОЈСКА: Украинските специјалци елиминираа десет руски тенкови (ВИДЕО)

Русија не ги коментираше овие наводи.

Специјалната единица „Бели волци“ уништи еден руски оклопен транспортер за само една ноќ заедно со десет тенкови.

Специјалната единица на украинската армија „Бели волци“ тврди дека за една ноќ уништила дури 10 руски тенкови. Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави видео на кое тие дејства се прикажани од птичја перспектива.

– Девет или десет? ДЕСЕТ! Толку руски тенкови беа уништени од нашата специјална единица „Бели волци“ за само една ноќ – објави СБУ на својот канал Телеграм со видео.

Според извештаите, оклопен транспортер бил погоден и во регионот на Доњецк. Снимката не е независно проверена, а не е објавена точната локација на нападот.

Претходно беше објавено дека е уништена „гордоста на руската армија“ , тенкот Т-90 . Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашенко, објави дека Националната гарда на Украина „ја следи и ја уништува гордоста на руската одбранбена индустрија – тенкот Т-90“ .

Русија не ги коментираше овие наводи.