УРНЕБЕСНА СЦЕНА – Можеш да се сликаш со Халанд, но не и грб на Јунајтед: Потегот на славниот голгетер ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)
Голгетерот на Манчестер Сити и репрезентативец на Норвешка Ерлинг Халанд имаше исклучително интересна средба со млад навивач на Манчестер Јунајтед.
Момчето во дресот на „црвените ѓаволи“, лутиот градски ривал на тимот за кој настапува Халанд, сакаше да се фотографира со славниот Норвежанец.
Халанд веднаш излегол да го пречека, но кога видел дека носи дрес на Јунајтед, го покрил гребенот со рака за да не се види на фотографијата.
Неговиот интересен потег предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Погледнете како тоа изгледаше: