На социјалните мрежи се појави видео кое одлично покажува како речиси секој зафатен маж се однесува кога додека е во друштво на својата поубава половина ќе се појави некоја фатална жена.
Во видеото можете да ги видите урнебесните реакции на мажите кои на секој начин се трудат да не ги гледаат најзгодните убавици додека нивните поубави половини се до нив.
И додека едни се препотуваат затоа што не смеат да гледаат во други убавици, други реагираат со свртување на очите и цврсто гушкање на сопругите, се за да го избегнат познатиот „џангриз“ на својата поубава половина.
Видео кое ќе ве насмее до солзи стана вирално на социјалните мрежи, а можете во коментар да ни пишете како се однесува вашата поубава половина кога пред вас ќе се појави некоја необична убавица.