УРСУЛА СЕ ОБРАЌА ПОСЛЕДЕН ПАТ: Претседателот на Европската комисија подготви говор на 120 страници за состојбата во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го започна својот годишен говор за состојбата на ЕУ во Европскиот парламент, во кој ќе ги изложи достигнувањата во изминатата година и плановите на Брисел.

Се очекува, покрај војната во Украина, главни теми на нејзиниот говор пред европратениците во Стразбур да бидат и проширувањето на ЕУ и буџетските планови.

Документот од 120 страници, подготвен за дебата со европратениците, ги наведува најважните достигнувања на Комисијата во областа на одбраната на европскиот мир, инвестирањето во европскиот просперитет и заштитата на демократските вредности и права.

Говорот на Урсула фон дер Лајен за состојбата на ЕУ ќе биде нејзин последен во овој мандат, пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни 2024 година.