УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ВО СТИЛОТ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ !? Претседателката на ЕК нема да се најде на листата на кандидати за ЕП туку ќе оди како ‘шпиценкандидат’

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен нема да се кандидира за место во Европскиот парламент на изборите следната година, но би можела да стане централнодесничарски кандидат за втор мандат за водечката позиција во Брисел, пишува угледниот весник Politico.

Според весникот, Урсула фон дер Лајен им рекла на своите колеги од локалниот огранок на нејзината партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) во провинцијата Долна Саксонија дека не сака да биде на листата регионални кандидати за Европскиот парламент на изборите во јуни следната година.

Германската централно-десничарска партија ЦДУ, која на ниво на ЕУ е поврзана со парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), номинира кандидати за Европскиот парламент преку локално гласање.

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен

„ШПИЦЕНКАНДИДАТ“

Тоа би значело дека Урсула фон дер Лајен теоретски треба да биде на кандидатската листа на ЦДУ при гласањето во Долна Саксонија за да биде избрана во Европскиот парламент за член на ЕПП, а во исто време таа е водечко име на листата на ЕПП или „шпиценкандидат“.

„Шпиценкандидат“ е главниот кандидат на најголемата пратеничка група во Европскиот парламент, ЕПП, а овој израз е преземен од германската политичка пракса. Сепак, тројца функционери на ЦДУ кои не сакаа да бидат именувани, кажале за весникот дека Урсула фон дер Лајен нема да мора да се кандидира за да биде „шпиценкандидат“ на ЕПП.

Реално, доколку таа е кандидат за новиот мандат на претседател на Европската комисија, не е технички неопходно Урсула фон дер Лајен да помине низ гласањето за пратеник во Европскиот парламент“, изјавил еден од официјалните лица.

ЕПП ќе одлучува за својот водечки кандидат на почетокот на следната година.