Во новата година продолжува растот на платите и пензиите, со СДСМ секој работник добива повеќе.
Веќе од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.
СДСМ за 6 години ја зголеми минималната плата 4 пати а оваа 2024 година следува и ново зголемување.
Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а во некои сектори како кожарската и текстилната индустрија работниците земаа и помала плата.
СДСМ ја исправи неправдата, работникот да добие достоинствена плата за работата што ја извршува.
За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за повеќе од двојно, за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ. Тоа е повеќе за сите.
СДСМ го почитува и го вреднува трудот на работниците.
Затоа донесовме системско решение со кое обезбедивме континуирано зголемување на минималната плата но и на останатите плати.
Во сите сектори СДСМ ги има покачено платите.
Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, нешто што беше незамисливо со ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари.
Просечната плата е за 300 евра поголема денеска во однос на она што беше во 2016 година.
Воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.
Платите и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ. Со СДСМ има повеќе за сите.
Фото: СДСМ
Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ