Утврдени недостатоци во објекти во Дебар

– Превентивниот совет на општина Дибaр, со кој претседава градоначалникот Хекуран Дука, ја разгледа безбедносната состојба во општината. На овој состанок беа разгледани повеќе прашања поврзани со безбедноста и управувањето со вонредни ситуации во случај на катастрофи. Претставниците од релевантните институции известија за актуелната состојба, со посебен фокус на хотелите, рестораните и јавните институции како што се училиштата, детските градинки и колективните станови.

Во соопштението на градоначалникот Хекуран Дука се наведува дека при контроли извршени во многу објекти, кај некои се констатирани недостатоци, за кои детално ќе се известат, со цел веднаш да се преземат мерки за нивно отстранување.

„Претставници од надлежните институции известија за актуелната состојба, со посебен осврт на хотелските капацитети, рестораните и јавните установи како училишта, градинки и колективно домување. При контролите извршени во овие објекти беа констатирани недостатоци кај дел од нив, кои ќе бидат детално известени, со цел веднаш да се преземат мерки за нивно отстранување“, информира Дука.

На оваа средба беа разгледани и други прашања значајни за безбедноста на граѓаните и беа донесени повеќе конкретни одлуки кои ќе придонесат за подобрување на условите и зголемување на нивото на безбедност. Следниот состанок на Советот треба да се одржи на почетокот на април.