Утре и во вторник потполо време

Утре и во вторник краткотрајно ќе има постабилно и значително потопло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 31 степени.

Во среда попладне времето ќе биде нестабилно во западните делови, а во деновите кон викендот ќе
има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и повремено во останатите
делови од земјата.