Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во официјална посета на земјава ќе пристигне претседателката на Унгарија Каталин Новак.
– Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје, известуваат од министерството.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.