Релативно топло неделно зимско утро низ поголемиот дел од државата со измерени температури од над десет степени во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип… Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени 0 степени и Берово и Лазарополе со по 4 степени.
На Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 16 сантиметри.
Од УХМР информираат дека денеска не очекува променливо облачно и релативно топло време. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч).
Попладне во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.