„Ух, машала, сакам да те гледам гола!” Буба Корели ,,одлепи” по Карлеуша! Се заљубил од глава до пети и ја бомбардира со љубовни пораки (фото)

Буба Корели долго време е опседнат со Јелена Карлеуша!

Како што пишуваат српските месиуми, босанскиот рапер се вљубил во Јелена па на секој начин се труди да и’ се доближи, иако Јелена како мажена жена е тотално незаинтересирана за него.

Буба Корели, Јелена Карлеуша

Буба не престанува да ја бомбардира Јелена со приватни пораки во кои и’ упатува бројни комплименти за нејзиниот физички изглед, но кога виде дека таа не одговара на нив, почна јавно да и’ остава коментари под нејзините објави на социјалните мрежи. Последниот во низата коментари Корели го остави под видеото на Карлеуша во кое покажа како ќе се облече за погреб и одење на гробишта , а во кое, како што рече и самата, „таа е гола под палтото и нема облека”.

– Сакам да те гледам гола на секоја платформа, но и облечена. Батали ги хејтерите, ти си најубава – и’ напиша Буба на англиски, со кратенката „xoxo“, што во превод значи „гушкање и бакнежи“.

Неодамна Корели на својата инстаграм приказна го сподели разголеното видео на Јелена во кое таа се гледа во минијатурни бикини, а заедно со жешките сцени, раперот ја прикачи и нејзината песна „Бенга“. Дефинитивно не остана имун на нејзиното витко тело, а тоа и самиот го призна во описот:

– Ух, машала – напиша тогаш раперот.

Корели буба

Инаку, Буба на крајот на август се обиде да го привлече вниманието на Јелена објавувајќи видео на својот профил на Тикток во кое ја пее нејзината песна „Карли Бич“.

Во споменатото видео може да се види дека раперот е во тоалет и го пее рефренот на оваа хит песна , кога многумина мислеа дека тој ја провоцира Карлеуша со ова видео. Меѓутоа, сега е јасно дека неговите намери биле сосема поинакви.

Јелена како гостинка во телевизијата К1 неодамна го допре и Буба Корели.

– Ми се допаѓаат тие два лика, тој што постојано ме навредува, Јала и Буба. Ми се допаѓаат, мислам дека се многу талентирани текстописци и продуценти. Без разлика што тој е дебел, има некој проблем со мене. Веројатно ми е лут. Тоа веќе го кажав. Но, тие ми се одлични – изјави Јелена.

Да потсетиме, Јелена во 2016 година сними демо дует со Јала Брат, но тој никогаш не излезе во јавноста, што и самата Ј.К. го призна, што потоа го испровоцира Буба, кој потоа жестоко ја навреди. 

– Јелена Карлеуша никогаш нема да сними песна со нас бидејќи е стара, ние сме премлади за неа – рече тогаш Буба, но во меѓувреме целосно го смени мислењето за неа, па сега не избира начин да се зближи со неа.