Јокиќ се повреди? Тој го напушти тренингот со мраз обвиткан околу зглобот

Очигледно српскиот кошаркар Никола Јокиќ нема да истрча на теренот на мечот меѓу Денвер и Њу Орлеанс Пеликанс поради повреда со која се здоби на тренинг.

Според американските медиуми, Јокиќ има воспаление на зглобот на десната рака.

Со тоа тој беше додаден на списокот на повредени за мечот со Пеликанс а покрај неговото име пишува дека неговиот настап вечерва е под знак прашалник.

Тој излезе од тренинг со облога мраз околу зглобот, па не е јасно дали ќе биде подготвен за натпреварот и дали тренерот Мајкл Мелоун ќе сака да ризикува.

Натпреварот меѓу Денвер и Њу Орлеанс Пеликанс се игра од ноќта помеѓу понеделник и вторник во 03:00 часот, а домаќин ќе бидат Нагетс.