Учебната година во франкофонските училишта во Белгија започна со најава за штрајк на наставниците

– Околу 900.000 ученици во белгиските училишта во кои наставата се изведува на француски јазик денеска ја започнаа новата учебна година, на уште на стартот ги дочека најва на синидикатите на наставниците за штрајк.

Како што јави специјалниот извстувач на МИА од Брисел, наставата во франкофонскиот регион Валонија и во училиштата на француски јазик во Брисел, согласно образовните реформи, од оваа учебна година започнува една една недела порано од досега вообичаениот прв понеделник во септември, а ќе заврши една недела подоцна од досегашната пракса во последна седмица од јуни. За компензација за продолжената учебна година, учениците и наставниците ќе добијат дополнителни два еднонеделни распусти – првиот за време на празникот на Сите Свети на есен и вториот во текот на пролетниот карневал.

Но, како што информира „Брисел Тајмс“, ваквите реформи предизвикаа незадоволство меѓу наставниците во франкофонските училишта, што резултираше со денешната најава на синдикатите за штрајк.

Министерката за образование во Кабиентот на Франкофонската заедница Каролин Дезир оцени дека тајмингот за најавата на штрјкот „не е идеален“.

– Апсолутно е неопходно да се овозможи децата да одат на училиште. Затоа, пред се, би сакала да придонесам за смирување. Сакам да допрам до синдикатите и да работам на оставрување на нивните барања, изјави Дезир за телевизиата Бел РТЛ, додавајќи дека проблемите не може да решат со „испивање на апче“.

Според Дезир, нејзиното Министерство на образовните реформи работело 30 месеци и се труделе максимално да одговорат на барањата на синдикатите и да ги заштитат правата на наставниот кадар.

Синдикатите најжестоко забележуваат на одредбите од реформите, усвоени на 19 јули, со кои се предвидува развој на вештини и евалуација на наставниците. Со реформите, доколку наставниците добијат последователни незадоволителни резултати при евалуацијата, може да бидат отпуштени од работа. 

Претседателот на левоцентристичката Влада на Франкофонската заедница, Пјер-Ив Жолет изјави дека денес во сите професии се вршат евалуации и оценувања, па не гледа причина заошто наставниците би биле исклучок од тоа.

– Тоа ќе придонесе и за квалитетот на училиштата. Можеби одредени синдикати не може да го прифатат тоа, но реформата беше изгласана во Парламентот и ние имаме намера да ја спроведеме, изјави Жолет.

Но, според генералниот секретар на франкофонскиот Синдикат за образование при Конфедерацијата на христијански синдикати (ЦСЦ-Образование), Ролан Лаје, на наставниците им треба повеќе одмор.

– Би требало да им се овозможи (на наставниците) да спроведат сопствени реформи, без да им се додаваат нови, изјави Лаје за новинската агенција Белга.

Од друга страна, во белгиските училишта на холандски јазик и оваа година наставата ќе се одвива по досегашниот модел и покрај повиците да се следи примерот на франкофонските образовни институции за скратување на летниот распуст, со цел учениците да не загубат континуитет во учењето.

Меѓутоа, министерот за образование во Владата на регионот Фландрија, Бен Вејтс ги отфрли ваквите барања, посочувајќи дека дебатата за ова прашање е завршена и дека Фламанскиот образовен совет (ВЛОР) и Социјално-економскиот совет на Фландрија (СЕРВ) заклучиле оти во моментов нема поддршка за промена на должината на учебната година.

– Сите се согласуваат дека да се губи континуитет во учењето за време на распустот, но прашање е кога се случува тоа. Не исклучувам ништо за во иднина, но пред да промениме нешто мора да имаме некои научни докази, додаде Вејтс.