Учениците ја блокирале вратата од училницата за да не ги убие малиот минструм: Лекарите се борат за животот на ранетиот учител од Лукавац (фото)

Пукањето што утрово се случи во основното училиште во Лукавац ја потресе јавноста во БиХ но и регионот, а жителите на Лукавац уште се плашат за безбедноста на своите деца и на целото општество по овој страшен настан.

Човек чија ќерка го посетува истото училиште во кое малолетник утринава застрела наставничка вели дека не била присутна, но сепак стравува за нејзината безбедност, пренесува Српскаинфо.

– Моето дете оди во тоа училиште. Пред два дена завршила и фала богу не го преживеала овој страв во толку голема мера. Да, таа беше блиску, но не беше директно во училиштето – рече тој.

Медиумите објавија дека истото момче кое го извршило овој чин и претходно имало заканувачки испади, но тој вели дека не слушнал за тоа.

– Не сум чул за тоа. Има некои претпоставки а сега ќе се ширатни некои приказни кои веројатно не се проверени. Полицијата веројатно знае дека овој тип веќе имал некои ексцеси – додал човекот.

Соговорникот бил прашан дали неговата ќерка се исплашила од овој чин, а тој рекол: „Да! Сега не сака да излезе од дома“.

– Ние сме мал град и ова не ни треба. Особено младите сега, веројатно поради овие случувања во Србија, ги земаат работите во свои раце наместо да извлечат поука дека не смеат да го прават ова и да си играат каубојци – заклучи тој.

Девојчето по име Мубина разговараше со новинарите и нагласи дека во моментот на пукањето во училиштето биле присутни членовите на нејзиното семејство.

– Го очекувавме ова. Случувањата во Србија имаа влијание и кај нас. Добро, Србија е тоа, но тоа можеше да се очекува на толку мало место, особено дете кое беше проблематично и кое рече дека ќе направи такво нешто – рече таа.

Мубина посочува дека требало да се преземат построги мерки.

– Што се однесува до сите училишта, без разлика дали децата сс проблематични или не, треба на време да преземат мерки. Ние сме шокирани и потресени – рече таа.

Таа понатаму низ солзи додаде:

– Имам роднини и деца на училиште кои кога ги прашавме како се спасија, рекоа „успеавме да ја блокираме вратата“ – рече таа.

Граѓанка на Лукавац изјавила дека нејзините роднини во тој момент биле во училиштето и дека слушнале пукање и единствено што направиле е да стават маси и столови на вратата за да се обидат да го спречат монструмот да ги убие.

На децата не им беше дозволено да излезат додека не дојде полицијата да ги земе, вели таа.

– Добивме информации од прва рака, ни рекоа дека кога го слушнале пукањето знаеле што е во прашање – заклучи Мубина.

Лекарите од Универзитетскиот клинички центар во Тузла се борат за животот на професорката по англиски јазик Н.О., која утрово во основното училиште „Лукавац Град“ беше тешко повредена од поранешен ученик.

Учителката се здобила со една прострелна рана, а лекарите досега двапати ја реанимирале.