УШТЕ ЕДЕН НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЕВРОПА! Во грозоморен напад со нож во Берлин едно девојче е тешко повредено, а осомничениот е уапсен
Ученичка од основно училиште во Берлин е во критична состојба откако во средата била нападната со нож, а повреден е и уште еден ученик, додека осомничениот е уапсен, соопшти германската полиција, објавуваат странските медиуми.
Нападот се случил во училиште во областа Нојкоелн, а две девојчиња, 7-годишно и 8-годишно, според властите, биле примени во болница.
Осомничениот за нападот по инцидентот е уапсен на теренот на училиштето.
„Околностите за нападот се уште не се јасни“, соопштила портпаролката на полицијата и додала дека – „Не е познато дали ученичките го познавале напаѓачот“.
Регионалната министерка за внатрешни работи на Берлин, Ирис Спренгер, кажала дека е „згрозена“ од нападот во училиштето, потврдувајќи дека девојчињата биле нападнати со нож.
Весникот Berliner Zeitung пишува дека наводниот сторител не ги познавал девојчињата и дека на училиште чекал полиција, а нема индиции дека се работи за ментална болест. Полицијата не ги коментираше овие наводи.