УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО РУСИЈА – Познат олигарх пронајден мртов во неговиот стан во Москва – причина: Природна смрт !?

Рускиот милионер Игор Кудрјаков (64 г.) е пронајден мртов во својот стан во Москва.

Игор Кудрјаков основал услуга за испорака на храна и други стоки во главниот град на РусијаRBC пишува дека компанијата подоцна ја купил производителот на додатоци во исхраната VIP Group, а Игор Кудрјаков заработил 15 милиони долари како дел од зделката. Подоцна, тој работел како прв заменик-претседател на Одделот за Државниот инспекторат за домување на регионот Москва.

Локалните руски медиуми јавуваат дека на телото немало траги на насилство и дека тој долго време се борел со ракот.

Игор Кудрјаков е пронајден мртов во неговиот стан на плоштадот Кудрински во областа Преснјен во Москва. Според прелиминарните податоци, причина за смртта на бизнисменот е онколошка болест“, објавија руските државни медиуми.

Според весникот The Sun, олигархот е последниот во низата пријатели на рускиот претседател Владимир Путин кои загинале или биле повредени од почетокот на војната во Украина.

Експертите веруваат дека смртта на најмалку 39 луѓе – од олигарси до научници – може да значи мрачна и крвава порака од Кремљ до јавноста. Многумина загинаа под мистериозни околности како што се ненадејни „самоубиства“ и падови од прозорци.