„ЕДЕН ДЕН ЌЕ ПУКААТ И ВО ТЕБЕ, ЌЕ УМРЕШ“: Морничава порака од функционерот на Ердоган до израелскиот премиер! ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ

Назиф Јилмаз, заменик-министерот за образование на Турција, реагираше на застрашувачки начин на објавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) во која тој прикажува воздушен напад врз Појасот Газа.

– Еден ден и тебе ќе те пукаат. Ќе умреш – напиша Јилмаз како одговор на пораката на Нетанјаху „продолжуваме со сите сили“ која ја напиша заедно со клип од уништување на зграда во Газа.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека Нетанјаху требаше да ја посети Турција во наредните месеци, откако ја одложи посетата првично планирана за јули поради инсталирање на пејсмејкер.

Се потсетува дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот месец се сретна со Нетанјаху во Њујорк, што беше нивна прва средба досега .