Уште како тинејџер користела ,,тешки” лекови: Бритни Спирс откри нови вознемитувачки детали од своето минато! „Ова ме уништи“ (фото)

Бритни Спирс продолжува со шокантни нови детали во нејзините претстојни мемоари „Жената во мене“ кои секојдневно се појавуваат.

Имено, познатата пејачка открива колку и’ било тешко да раскине со Џастин Тимберлејк, со кој, како што неодамна откри, останала бремена, а потоа абортирала бидејќи пејачот сè уште не бил подготвен да стане татко.

Kако што наведува, паднала во толку длабока депресија што во тој период се чувствувала како да „ќе полуди“, па морала да пие антидепресиви и лекови за смирување.

Состојбата со нејзината психичка состојба дополнително се влошила кога починала нејзината тетка, а потоа и кога и’ било одземено старателството над децата.

Во мемоарите, Бритни признава дека како тинејџерка била „на тешки лекови“ затоа што не можела да се справи со силниот притисок на јавноста и постојано да биде во центарот на вниманието.

Лековите правеја да се чувствувам подобро и порелаксирано во тие неколку часа, секако се чувствував многу подобро и се чувствував помалку депресивно.

Потоа била во период кој и’ бил особено тежок, а тоа беше кога и’ ги одзеле децата.

“Кога ми ги одзедоа децата, јас целосно залутав. Се чувствував толку лошо што не бев во можност ни да се грижам за себе. Сите тие стресни ситуации кои ми се случуваа во животот ме натераа да почнам да размислувам како на некој начин повторно да имам дете“, изјави Бритни.