Израел ги откри картите, вистинскиот пекол допрва почнува и вака ќе изгледа! Војната ќе има 3 фази – првата е брутална, но она што ќе следи е морничаво!

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека израелската војна против Хамас ќе биде поделена во три фази, а целта е елиминација на таа терористичка група преку уништување на нејзините воени и инфраструктурни капацитети, како и целосно отстранување на секоја одговорност што ја има Израел над Газа со создавање нов „безбедносен режим“ во Појасот.

Галант, на состанокот на Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, рече дека целта на првата фаза е да се убијат оперативците на Хамас и да се уништи инфраструктурата за да се уништи палестинската терористичка група, пренесуваат локалните медиуми.

– Ние сме во првата фаза, во која се одвива воена кампања со (воздушни напади), а подоцна и со (копнеен) маневар насочен кон уништување на оперативците и оштетување на инфраструктурата за да се порази и уништи Хамас – изјави Галант.

Тој рече дека после тоа борбите ќе бидат помалку интензивни, нагласувајќи дека последната фаза од конфликтот ќе вклучува „создавање нов безбедносен режим во Појасот Газа, отстранување на одговорноста на Израел за животот во Појасот и создавање на нова безбедносна реалност за граѓаните на Израел“, објави Ал Џезира.

Галант им рече на израелските војници собрани во близина на границата со Газа во четвртокот дека наскоро ќе ја видат опколената енклава „од внатре“.