Уште не можат да ја преболат неправдата: Ливерпул побара да се објави аудио снимката од разговорот на судијата од ВАР просторијата (видео)

Фудбалскиот клуб Ливерпул официјално побара објавување на аудио снимката од ВАР-собата за време на поништувањето на регуларен гол постигнат од Луис Дијаз во саботниот натпревар против Тотенхем, објави денеска британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Во 34. минута од натпреварит, при резултат 0:0, Дијаз постигна гол кој беше поништен по преглед во ВАР просторијата, иако Колумбиецот не беше во офсајд.

Вчера судиската комисија соопшти дека поништувањето на голот било „огримна човечка грешка“, но во Ливерпул не се задоволни од тоа објаснување, па побарале да ја објават снимката од разговорот меѓу судиите кои донеле погрешна одлука.

Ливерпул загуби од Тотенхем со резултат 1:2, а натпреварот го заврши со девет играчи, бидејќи беше исклучен Куртис Џонс во 26. минута и Диого Јота во 69. минута.

Победата во Лондон ќе го направеше Ливерпул лидер во Премиер лигата и ќе го престигнеше Манчестер Сити.