Уште 17 милијарди евра помош за Украина! Додека Зеленски задоволно ги трие рацете, Варшава најавува блокада доколку нивното барање не се исполни
Министрите за финансии на Европската унија денеска едногласно усвоија дополнителна распределба на средства за помош на Украина преку додаток на долгорочниот буџет, додека сè уште има несогласувања во однос на другите трошоци кои се закануваат да ја одложат или дури и да ја блокираат испораката на помошта за Киев.
Како што пренесува Ројтерс, Европската комисија предложила зголемување на буџетот на ЕУ за 66 милијарди евра до 2027 година, од кои 17 милијарди евра би биле наменети за помош на Украина, со уште 33 милијарди евра кредити.
Кредитот би бил наменет за покривање на повисоки каматни стапки, за миграциска политика и за поттикнување инвестиции во критична технологија.
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер рече дека поддржува дополнителни трошоци за Украина, но не и зголемувања на други места.
– Гледаме фискални ограничувања во сите земји-членки. Затоа, Комисијата не треба да очекува земјите-членки да придонесат повеќе. Украина е посебно прашање – рече тој.
Полската министерка за финансии Магдалена Зечковска рече дека нејзината земја е незадоволна што ревизијата на буџетот на ЕУ не ги вклучи дополнителните потреби на соседите на Украина во рамките на ЕУ кои ги прифатија нејзините бегалци кои бегаат од конфликтот.
На прашањето дали Полска без неа би го блокирала пакетот за поддршка на Украина, таа рече дека Варшава ќе ја анализира ситуацијата.
– Еден од нашите приоритети е овој елемент на поддршка за земјите кои ги поддржуваат бегалците да биде вклучен во ребалансот на буџетот – рече Жечковска.