УЈП:Заработката од Конти треба да се пријави, најавена контрола во Информативниот центар во Кавадарци
Не е познато колку луѓе добија, а кои загубија со тргувањето со крипто средства преку апликацијата Конти, но од Управата за јавни приходи потсетуваат на законот.
Доколку станува збор за било какви други приноси остварени од Конти мрежата, исто така физичките лица имаат обврска до УЈП да поднесат електронска пресметка преку e – [email protected] најдоцна до 10 – месецот по месецот во кој е остварен доходот и да го платат данокот најдоцна до 15 – ти во месецот за претходниот месец.
Ова се однесува на физичките лица, кои остваруваат капитална добивка од продажба на крипто валути, кои, како што одговорија од УКП на нашите прашања. имаат обврска до УЈП преку системот е – даночни услуги, да поднесат електронска пресметка.
-Од аспект на Законот за данок на добивка обврзник на данокот на добивка е правно лице резидент на Република Северна Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, при што основа за пресметување на данокот од добивка се утврдува како разлика меѓу вкупните приходи и расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството и сметководствените стандарди (член 7 став 2) од ЗДД, соопштија од УЈП.
Виртуелните средства се регулирани со Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.
Управата најавива дека согласно надлежностите, УЈП ќе изврши контрола кај правното лице Друштво за информативни услуги КОНТИ-ДИМКОВ ДООЕЛ Кавадарци. Тоа е компанијата која го отвори првиот информативен центар за Конти.
Своја надлежност во за текот на следењето на парите согласно со одредбите на член 7 став 1 точка 10 од Законот за Народна Банка. Народна Банка врши надзор над примената на прописите со кои се уредува девизното работење, менувачкото работење, системите за спречување на перење пари и заштита на потрошувачите, согласно со овој или друг закон.
Согласно член 36 од Законот за девизно работење, под менувачко работење се подразбираат работи на купување и продавање на ефективни странски пари и чекови деноминирани и исплатливи во странска валута. Менувачко работење вршат резиденти кои од Народна Банка имаат добиено овластување. Народна Банка врши непосреден надзор над работењето на банките, штедилниците и менувачниците на кои им издала дозвола за работа.
Ова се институциите, кои законот им дал надлежности за да ги следи тековите на парите на граѓаните и правните лица, кои во случајот со Конти се покажа дека е создаден паралелен систем, преку кој целосно се заобиколени институциите. Неизвесно е колку граѓани ги загубија своите вложени средства во апликацијата Конти, која, се чини е уште една пирамидална шема на прибирање на средства на граѓаните.