„Фала ви момци, наскоро ќе ја видите нашата нова победа!” Пригожин го прекина молкот, повторно прозборе и најави големи работи?

Објавена е аудио снимка на која шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин тврди дека неговиот „марш на правдата“ бил насочен против предавниците и дека очекува „нови победи“. Аудио снимката ја објави телеграмскиот канал Siva Zona, кој според руските медиуми е тесно поврзан со Вагнер групацијата.

– Денес, повеќе од кога било, ни е потребна вашата поддршка. Ви благодарам за тоа. Сакам да разберете дека нашиот марш на правдата имаше за цел да се бори против предавниците и да го мобилизира нашето општество. И мислам дека постигнавме многу – изјави Пригожин.

– Во блиска иднина, сигурен сум дека ќе ги видите нашите нови победи на фронтот. Фала момци – рече тој.

Не е јасно на чии победи точно се повикува.

Не е познато кога е снимено аудиото, а неговата последна изјава беше објавена на 26 јуни. По завршувањето на бунтот против руските власти, тој тогаш рече дека Вагнер се покажал како најефикасна борбена формација во Русија.

Пригожин последен пат бил виден во јавност во возило во Ростов на Дон на 24 јуни, додека бунтот сè уште траел, пишува Index.hr.