ФАМОЗНО ГО НАЈАВУВАА ‘ОРУЖЈЕТО НА ИДНИНАТА’, А СЕ УШТЕ ГО НЕМААТ – Американските медиуми загрижени: “Пентагон има сериозни проблеми!“

Соединетите Американски Држави (САД) не успеаја да развијат јасна стратегија за развој на хиперсонично оружје и се соочуваат со тешкотии во создавањето, а така заостануваат зад Русија и Кина, објави весникот The Wall Street Journal цитирајќи американски официјални претставници.

Според американските медиуми, Пентагон има проблеми во сите фази на создавање хиперсонично оружје. Клучните фактори вклучуваат неуспешни тестови, недостаток на потребна инфраструктура, како што се тунели за ветер, високи трошоци за развој и отсуство на јасен план за распоредување на оружје.

Мојата загриженост за недостигот на напредок во развојот на хиперсонично оружје само расте. Треба да се движиме побрзо во многу правци“, изјавил за публикацијата поранешниот потпретседател на Здружениот Генералштаб на САД, Џон Хајтен.

Во мое време немаше стратегија за развој на хиперсонично оружје во Пентагон. И, колку што можам да видам отстрана, сега очигледно го нема“, изјавил за американските медиуми поранешниот началник за набавка на воздухопловните сили, Вилијам Ропер.

Весникот објаснува дека Министерството за одбрана на САД истовремено финансира неколку проекти за создавање хиперсонично оружје, но, според официјални лица, не знае кое од нив и како да го користи.

Изданието потсетува дека Русија и Кина постигнале значителен напредок во развојот на хиперсонично оружје. САД спроведоа многу помалку тестови и допрва треба да прифатат хиперсонични ракети, пишува WSJ.

Bloomberg претходно објави дека вооружените сили на САД признале дека во септември нема да можат да ја постигнат целта поставена пред четири години за распоредување на хиперсонично оружје.

На почетокот на септември, Пентагон одби да ја тестира првата американска хиперсонична ракета. Агенцијата не наведе конкретна причина за откажување на тестот. Агенцијата тогаш нагласи дека ваквата одлука го загрозува распоредот за спроведување на програмата и планот на американските вооружени сили да го прогласат хиперсоничното оружје за борбено подготвено до 30. септември.