Владата на Швајцарија официјално го одобри обновувањето на преговорите со ЕКВладата на Швајцарија официјално го одобри обновувањето на преговорите со ЕК

 Швајцарската Влада (Федералниот совет) денеска официјално го одобри обновувањето на преговорите на земјата со Европската комисија за склучување на рамковен договор со кој се дефинираат односите меѓу Швајцарија и ЕУ.

„Разговорите содржани во одобрениот мандат имаат за цел да ги стабилизираат и развиваат билатералните односи на Швајцарија со Европската унија“, се вели во соопштението на Владата.

Во декември минатата година, Швајцарија објави дека неограничениот пристап до европскиот пазар е главната точка на планот за преговори, кој ќе има задача да ги осовременат договорите со единствениот пазар на ЕУ и да водат до секторски договори, вклучително и за дистрибуција на електрична енергија и безбедност на храна.

Во 2021 година, Швајцарија и Европската комисија во заедничка декларација соопштија дека ќе ги обноват преговорите за склучување рамковен договор. На 15 декември, швајцарската Влада одобри нацрт-преговарачки мандат што требаше да биде договорен со парламентот и кантоните.