Операцијата е завршена: Софија Лорен останува во болницата откако доживеа несреќа во нејзиниот дом

Пред 5 дена Софија Лорен наполни 89 години, а веднаш потоа во нејзиниот дом се случила несреќа.

Според италијанскиот весник „Кориере“, Софија Лорен, која на 20 септември наполни 89 години, се лизнала и паднала во бањата во својот дом во Женева.

Извор близок до весникот наведува дека Софија Лорен веднаш била пренесена во болница за да биде прегледана и дијагностицирана со фрактура на бутната коска. Поради тешката повреда таа мораше да биде оперирана.

„Софија попладнето беше оперирана со позитивен исход, сега ја чека рехабилитација.

Имено, пред повредата, а потоа и операцијата, италијанската дива се подготвувала за патување и отворањето на четвртиот ресторан кој го носи нејзиното име во Италија.